По иницијатива на британската амбасадорка Рејчел Галовеј беше организиран настан на тема Женските права и родовата еднаквост во Северна Македонија. Беа поканети женски граѓански организации кои работат на национално и на локално ниво. Претставничка на мрежата беше присутна на настанот. По поздравното обраќање на британската амбасадорка, беше отворена дискусија за случувањата во областа на родовата еднаквост со фокус на економските и интерсекциските нееднаквости/ предизвици со кои се соочуваат жените од најранливите категории. Исто така се зборуваше и за родово базираното насилство, како и сексуалното и репродуктивното здравје и права на жените. Настанот заврши со сумирање на наодите и дискусија околу идните активности.

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?
Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско




