10.06.2021: Конкурс за ангажирање на Координаторка за комуникации и финансиска асистентка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство има потреба од ангажирање на определено време на две работни позиции:координаторка за комуникации и финансиска асистентка во извршната канцеларија за период од  до 01.07.2021 – 30.05.2022 година.

Координаторка за комуникации

Кандидатките треба да ги имаат следниве знаења и вештини:

  • Високо образование во областа на комуникации и односи со јавност;
  • Работно искуство во координирање на комуникациски активности и односи со јавноста (најмалку 3 години);
  • Напредно познавање на MS Office (Word, Excel, PowerPoint);
  • Познавање на програми за дизајнирање (Canva, Corel и сл.);
  • Напредно познавање на WordPress;
  • Напредни вештини за уредување, развој на содржини и комуникација со нови и традиционални медиуми;
  • Искуство во креирање на соопштенија за јавност;
  • Изградени вештини за логистика и спроведување на административни задачи;
  • Одлични познавања на македонски и англиски јазик (познавање на албански ќе се смета за предност);
  • Развиени вештини за тимско работење.

За предност ќе се смета:

Искуство во работа со граѓански организации и мрежи;

Искуство со комуникација на теми поврзани со родово базирано насилство и семејно насилство, како и насилство врз деца.

Опис на ангажманот:

Ангажираната кандидатка ќе биде задолжена за организирање на комуникациските активности на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Работните обврски ќе вклучуваат Подготовка на веб содржини; Подготовка на промотивни материјали; Организација на настани; Промоција на работата на Националната мрежа и организациите членки; Контрола и креирање на содржината која се пласира во јавност, вклучувајќи соопштенија за медиуми, соопштенија за јавност; покани за медиуми и други содржини кои произлегуваат од проектните и програмските активности на организацијата; раководење со социјалните медиуми.

Работно време: понеделник – петок, 09.00 – 16.00 часот.

Месечниот надоместок за позицијата Координаторка за комуникации е 33.800 денари во бруто износ.

Финанска асистентка

Кандидатките треба да ги имаат следниве знаења и вештини:

  • Диплома за завршено високо образование (Економски факултет);
  • Напредно познавање на MS Office (Word, Excel, PowerPoint);
  • Најмалку 3 години работно искуство во областа на финансии и администрација;
  • Познавање на финансиски и административни процедури;
  • Одлични познавања на македонски и англиски јазик;
  • Развиени комуникациски вештини и вештини за тимско работење;

За предност ќе се смета предходно искуство во финансиско работење на граѓански организации.

Опис на ангажманот:

Главните обврски на финансиската асистентка се исполнување на тековните задачи во делот на финансиското и административното работење, како и логистичка и техничка поддршка на финансиската менаџерка.  Ангажираната кандидатка ќе биде задолжена за подготвување на буџети и финанасиски извештаи согласно барањата на донаторите; комуникација и координација со надворешното сметководство и подготовка на потребни документи; водење на процесот и процедурите за набавки на материјали и услуги; поддршка во организирање обуки, настани, конференции и слично; организирање на логистика за проектните активности; водење на деловодник и администрирање на документи.

Работно време: понеделник – петок, 09.00 – 16.00 часот.

Месечниот надоместок за позицијата Финансиска асистенка 33.750 денари во бруто износ.

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидатки за објавените работни позиции потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и најмалку две препораки од предходни работодавачи.

Документите со назнака/предмет на пораката „Конкурс за координаторка за комуникации“/„Конкурс за финансиска асистентка треба се испратат по електронски пат на следната е-маил адреса: konkurs@glasprotivnasilstvo.org.mk  најдоцна до 20 Јуни 2021 година .

Напомена: Само кандидатките кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Кандидатките кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
Само кандидатки кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор.

Работата во Извршната канцеларија на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство е предизвик за оние кои сакаат професионално да се надградуваат во нови, иновативни области. Работното место нуди можности за стекнување на знаења и вештини, создавање на широка мрежа на контакти во различни сегменти од општеството и искористување на креативниот потенцијал во креирањето на програмите и работата на организацијата.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости