„Жените жртви на семејно насилство – Потенцијални бездомнички?!“

По објавување на истражувањето на „Паблик“ „Бездомништвото околу нас: Јавно, скриено, потенцијално“ во кое жените жртви на семејно насилство се опфатени како посебна фокус група, се појави потреба од актуелизирање на ова прашање и преземање на конкретни чекори за негово решавање.

За таа цел, на 6 декември во хотел Порта, се оддржа дебата на тема: „Жените жртви на семејно насилство – Потенцијални бездомнички?!“ во организација на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, Асоцијација за истражување, комуникации и развој „Паблик“ и Една Може.

На дебатата беше презентирана состојбата со насилството врз жените и семејното насилство од страна на Елена Димушевска, извршна директорка на Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. Потоа следеше презентација од наоди од истражувањето „Бездомништвото околу нас – јавно, скриено, потенцијално“ , од страна на Климентина Илијевски, Асоцијација за истражување, комуникации и развој „ПАБЛИК“, како и предизвици со кои се соочуваат самохраните мајки во Македонија, презентирано од Даниела Марковска и Билјана Костадиновска од Една Може.

Настанот беше дел од активностите во рамки на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените“ која се спроведува со финансиска поддршка од Квина тил Квина.

Заклучоците и препораките кои проилегоа од дебатата може да ги прочитате тука

Соопштение за медиуми

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската