Оглас за работно место

logo mreza
Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува Kонкурс за ангажирање на определено време на следното работно место: Асистент за потребите на извршната канцеларија, за период од 1 јануари – 31 декември 2016 година.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните критериуми:

• Високо образование (или во последна година од студии) од областа на општествените науки

• Одлично познавање на англиски јазик (пишување, читање и зборување)

• Познавање на MS Office пакетот и интернет

• Најмалку три години искуство во спроведување на проекти

• Изградени способности за тимска работа

• Изградени вештини за адинистративна комуникација, логистика и подготовка на извештаи

Предност ќе имаат кандидати/ки кои имаат искуство во областа на насилство врз жени и семејно насилство, како и работа со други ранливи групи.

Заинтересираните кандидати треба да достават:

1. Кратка професионална биографија

2. Писмо за мотивација

3. Препорака од предходни работни места

Потребите документи испратете ги на  coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk   со назнака „Конкурс за асистент“ најдоцна до 11 ти декември (петок).

Напомена: Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската