Платформата за родова еднаквост бара од работодавачите да ги ослободат работничките од работни обврски за да присуствуваат на Маршот за 8ми март

Платформата за родова еднаквост упатува барање и апел до работодавачите да ги ослободат работничките од обврски на 8ми март (понеделник) од 14.00 до 17.00 часот, со цел да присуствуваат на овогодинешниот марш под наслов „Држава што не постапува е држава што силува“.

Платформата за родова еднаквост секоја година на 8ми март организира марш со цел унапредување на состојбите со правата на жените. Оваа година маршот е посветен на потребата од поголема заштита на жртвите во случајот „Јавна соба“ и кривичен прогон на сторителите на сексуално насилство и сексуално вознемирување. Со маршот ќе побараат систематска и доследна заштита на жртвите во сите случаи на насилство врз жени и родово засновано насилство, преку унапредување на работата на клучните институции.

„Бидејќи родово заснованото насилство е проблем кој го засега целото општество, па оттука истото е одговорност на сите чинители, работодавачите треба да го поддржат овој марш со тоа што ќе овозможат жените да присуствуваат. На ваков начин работодавачите ќе се претстават како општетсвено одговорни чинители кои застануваат на страна на жените жртви на насилство.“- велат од Платформата за родова еднаквост.

Насилството над жените ги засега и работните односи, од една страна, тоа се појавува и во работни средини, најчесто во форма на мобинг и вознемирување, за што работодавачите имаат обврска да преземат превентивни и заштитни мерки. Од друга страна, насилството над жените има негативно влијание на нивното здравје, работоспособност, посветеност на работата и кариерното унапредување создавајќи бариери за еднакво учество на пазарот на трудот.

Маршот ќе се одржи на 8ми Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.

 „Маршираме бидејќи држава што не постапува е држава што силува. Маршираме за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба и сите жртви на родово засновано насилство. Зад статистиките стојат женски лица. Маршираме за да ги потсетиме интитуциите МВР и Јавното обвинителство дека нема да застанеме додека не ги исполнат нашите барања.“ се вели во објавата на Маршот за 8ми март.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

„Под површината: неистражени аспекти на родово базираното насилство“, настан за промоција на тематски извештаи

Настанот се одржа на 24.09.2024г. на кој преку 2 панел-дискусии на различни теми се презентираа 2 тематски извештаи. На првиот панел „Заштита на сексуалната приватност

Со собрани 118 600 денари, Халкбанк реализираше повторна, втора по ред донација за Интервентниот женски фонд за директна поддршка на женската независност

Втора година по ред, Халкбанк директно ги донираше сите средства собрани од продажната изложба и онлајн продажбата на „Фустани со џебови 2.0“, која се одвиваше