Прирачник за работа со жени жртви на семејно насилство

Комерцијална банка АД Скопје во соработка со МППС (Македонска платформа против сиромаштија) и подршка од Принт тим ДОО Скопје, го издаде првиот Прирачник за групна работа со жени жртви на семејно насилство во електронска верзија.

Во рамките на меѓународната кампања „16 дена активизам против родовото и семејното насилство“, Комерцијална банка АД Скопје во соработка со МППС (Македонска платформа против сиромаштија) и подршка од Принт тим ДОО Скопје, го издаде првиот Прирачник за групна работа со жени жртви на семејно насилство во електронска верзија.

Прирачникот е резултат на двегодишна работа на двајца психотерапевти, подржани од Комерцијална банка, кои развија специфична методологија за работа со жени жртви на семејно насилство, во рамки на проектот што се спроведуваше во Македонскиот центар за женски права – Шелтер Центар Скопје, во периодот 2011-2013 година. Акцијата „Жени за жени„ со која Комерцијална банка АД Скопје започна 2010 година, со намера одбележување на „8 март„ за жените жртви на семејно насилство, се разви во сериозен проект со помош на невладините организации членки на МППС, со цел ресоцијализација, психолошка подршка и економско зајакнување на жените жртви на семејно насилство.

Во Прирачникот е опишана методологијата за групна работа со жртвите, индивидуалните искуства и напредокот кој тие го постигнале, како резултат на работата со психотерапевтите во период од 2 години. Методологијата може да биде користена само од едуцирани професионалци / психотерапевти кои работат со ранливи категории во рамки на државните институции и невладините организации.

Комерцијална банка АД Скопје во рамки на своите општествено одговорни практики, во 2014 година продолжи со подршка и на првиот Семеен центар за жртви на семејно насилство, во соработка со НО Х.Е.Р.А и канцеларијата на Град Скопје.

Прирачник за групна работа со жени жртви на семејно насилство

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости