01.06.2019: Започна кампањата на Платформата за јакнење на граѓански организации (CSSP) со позитивни пораки за Истанбулската конвенција во Западен Балкан и Турција

Кампањата беше организирана од српската партнер организација од Платформата, Феномена и WAVE. Целта на кампањата е да ги информира граѓаните од Западен Балкан и Турција за позитивните ефекти кои Истанбулската конвенција би можела да ги има врз нивните животи откако ќе биде имплементирана во нивните земји. Вклучени се сите партнери на CSSP, што значи дека кампањата истовремено се спроведува во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција. WAVE исто така учествува во ширењето на пораките, што ќе придонесе за нивно распространување низ цела Европа.

За една недела, четири важни члена од Истанбулската конвенција беа презентирани и дискутирани на социјалните платформи на WAVE и партнерите на CSSP на Facebook, Twitter и Instagram под хаштазите #CSSPstrongtogether #CSSPagainstVAWG.

Целта на CSSP е да го зајакне гласот и делувањето на жените, вклучително и на женските организации кои работат со и ги застапуваат жените од обесправените маргинализирани групи на регионално ниво. Очекуваниот резултат е со тоа да се зајакнат капацитетите на платформите на женските организации и/или мрежи како начин да се поддржи граѓанската вклученост на жените во следењето на и известувањето за Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените (CEDAW) и Истанбулската конвенција.

Повеќе информации за Платформата за јакнење на граѓански организации се достапни на следниот линк:
https://cssplatform.org/

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската