Женски Центри за поддршка
Женските центри за поддршка обезбедуваат бесплатни и доверливи услуги за помош и поддршка на жени и деца кои се справуваат со било која форма на родово базирано и семејно насилство, без разлика дали насилството се случува во моментот кога жената бара помош или пак се случило во минатото, но оставило последици и предизвици со кои жената тековно се справува.
Тимот на центрите се состои од социјална работничка, правна советничка, психолог и кариерна советничка.
Центрите обезбедуваат:
– Советување за остварување на социјални права;
– Психолошко советување и психотерапија, правна помош и поддршка;
– Упатување и придружување до институции и други организации;
– Кариерно советување и менторска поддршка за економско јакнење.
Националната мрежа раководи со четири советувалишта кои ги исполнуваат сите меѓународни стандарди.
Женски центар за поддршка - Скопје
Бул. Илинден Бр. 162 – Скопје
Тел: 075/255-154
email: sovetuvaliste@glasprotivnasilstvo.org.mk
Facebook страница: Женски центар за поддршка – Скопје

Женски центар за поддршка - Тетово
Ул. 29 Ноември бр.23 – Тетово
Тел: 075/344-770
email: sovetuvaliste.tetovo@glasprotivnasilstvo.org.mk
Facebook страница: Женски центар за поддршка – Тетово

Женски центар за поддршка - Битола
Ул. Митрополитка бр.13а – Битола
Тел: 075/393-626
email: zenskicentarbitola@gmail.com
Facebook страница: Женски центар за поддршка – Битола


