„ ЗАШТИТИ СЕ! “ ЗБОРУВАЈ ГЛАСНО! – Панел дискусија во Општина Битола во рамките на Кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство

На 30ти Ноември во Офицерскиот дом во Битола, Општина Битола организираше панел дискусија под наслов „Заштити се!“ Зборувај гласно! – како дел од глобалната кампања: 16 дена активизам против родово базирано насилство.

Извршната директорка на Националната мрежа, Елена Димушевска беше една од говорничките на панелот, која меѓу другото, зборуваше за важноста на локални специјализирани услуги за помош и поддршка на жени и деца жртви на насилство, и го сподели успешниот пример на Женски центар за поддршка – Битола. Имено, овој центар е поддржан од Општина Битола а раководен од граѓанска организација, и обезбедува бесплатни услуги за жителките на Пелагонискиот регион кои се справуваат родово базирано и семејно насилство.

На панелот иста така говореа Градоначалникот на Општина Битола г-дин Тони Коњановски, Претседателката на Советот и Претседателка на комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Битола г-ѓа Габриела Илиевска, како и психијатарка во семејно советувалиште „ Одраз “ Гордана Ристевска Димитровска и Ирена Димовска жртва на семејно насилство.

Градоначалникот на Битола во своето излагање ја потврди поддршката за Женскиот центар за поддршка – Битола и посочи дека таа ќе продолжи и во иднина. Ова е важна порака за одржливоста на овој центар, како и можноста локално да обезбеди помош и поддршка на жените и децата кои се справуваат со насилство. На крај, оваа порака е пример за останатите градоначалници и локални администрации во местата во С. Македонија каде нема специјализирани услуги за родово базирани и семејно насилство – да се посветат на ова прашање и да овозможат локални услуги за своите граѓанки.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската