Се одржа 14-то годишно Собрание на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство

На 14-ти февруари 2025 г., во Х. Мериот во Скопје, се одржа 14то годишно собрание на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Во првиот дел Маја Балшиќевска ги презентираше наративниот и финансискиот годишен извештај за 2024 година, односно постигнатите резултати во текот на целата година. По презентацијата, извештаите беа изгласани усвоени од членките на Собранието.

Ана Аврамоска Нушкова, во вториот дел ги презентираше барањата за членство во мрежата. Оваа година барања поднесоа следниве организации:  Здружение за правна едукација и транспарентност Станица ПЕТ Прилеп, Иницијатива на жени Ромки од Шуто Оризари и Здружение за развој и активизам АКВА Струга. Претставниците на овие организациите ги презентираа своите цели и задачи, по што следеше гласање за прием. Истите беа успешно примени во Мрежата со што бројот на организации членки сега изнесува 24.

На крајот на настанот, беше донесен заклучок дека во текот на 2025г. е потребно да се подготви нова стратешка рамка на Мрежата. За оваа цел подоцна во текот на денот се одржа и стратешка работилница со членките на Мрежата.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

„Насилството не е приватна работа, имаме одговорност да реагираме“: Ана Аврамоска Нушкова за насилство врз жените во Македонија

По повод 25 ноември, Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените, повторно се отвора едно од најболните и најтешките прашања за нашето општество: колку