На 12 Октомври 2021г. во рамките на процесот на субгрантирање на локални женски организации, НВО Семпер – Битола одржа работна средба со кандидатите за градоначалници и советници во Општина Битола. На средбата беа презентирани наодите, заклучоците и препораките од спроведената Процена на потребите на жени жртви на насилство кои ја напуштиле насилната средина во Битола и околните населени места.
Наодите истакнаа дека економската зависност од насилникот и немањето живеалиште се главните причини поради кои жените не ја напуштаат насилната средина.
Препораките јасно укажуваат на потребата од локални услуги за реинтеграција и рехабилитација на жените жртви кои преживеала некоја форма на насилство, особено од аспект на домување, вработување и финансиска поддршка.
Оваа активност се спроведе во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција на жртви од насилство“ поддржан од Австриската Агенција за развој (АДА).





