Работен состанок со ЖГО – субгрантисти во рамки на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција на жртви од насилство“

На 01 февруари 2021г. тимот на Националната мрежа одржа работен состанок со 8 локални женски граѓански организации кои ќе работат на застапување за воспоставување на услуги за реинтеграција на жени жртви на семејно насилство во 8 градови во Северна Македонија. Сите 8 организации се субгрантисти во процесот на субгрантирање кој го спроведува Националната мрежа во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција на жртви од насилство “, поддржан од Австриска Агенција за Развој (АДА).

На состанокот беа договорени првите активности кои ќе се спроведуваат локално во секој град, но и следните чекори во наредниот период од половина година. Беше договорена и заедничката соработка на организациите субгрантисти меѓусебно, но и со Извршната канцеларија на Мрежата. Беа изготвени планови за работа со временска рамка и индикатори на успешност. Сите 8 организации започнаа со локална Процена на потребите на жени жртви на семејно насилство кои ја напуштиле насилната средина, по што согласно наодите од процената ќе подготват препораки за воспоставување на услуги за реинтеграција на локално ниво, и подоцна ќе застапуваат пред локалните институции на оваа тема.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

„Насилството не е приватна работа, имаме одговорност да реагираме“: Ана Аврамоска Нушкова за насилство врз жените во Македонија

По повод 25 ноември, Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените, повторно се отвора едно од најболните и најтешките прашања за нашето општество: колку