Кариерно советување

Менторката за кариерно советување работи со жени кои преживеале насилство, а кои се невработени или имаат ниски примања. Преку индивиидуални сесии, менторката и помага на жената во откривање на можностите за кариера, избор на професија за себе, приоритет на професионалните цели, управување со времето, развој на кариера итн.
Покрај индиводуалното советување, менторката организира и спроведува групни обуки за меки вештини, како пишување на професионална биографија (CV) и придружни документи за вработување (мотивациони писма), унапредување на комуникациските вештини за спроведување интервју за работа и комуникација со работодавците. Дополнително, менторството вклучува информирање, обезбедување насоки и поврзување со агенцијата за вработување и помош при вклучување во нивните програми.

Целта на кариерното советување е зајакнување на жените и поголема конкурентност на пазарот на труд. Ова ќе им овозможи полесен пристап до вработување и економско зајакнување, така што тие ќе можат да обезбедат финансиска независност и стабилност.

Доколку имате потреба од кариерно советување, зависно од градот каде што живеете, јавете во еден од Женските центри за поддршка.