Совети за родители за полесно справување со младите во фазата на пубертет

Какви промени носи пубертетот?

Пубертетот е еден бурен и многу важен период во развојот на децата и истиот е проследен созначајнии богати промени, кои често се и драматични.Децата во овој период доживуваат/се соочуваат со голема криза, која доаѓа од големите физички и физиолошки промени,изразени преку промени во изгледот на телото како и воспоставување на нов баланс во хормоните. Свеста за своето тело, изгледот е основа на која почива нечиј идентитет. Затоа особено важно е родителите да ги подготват децата за промените кои ќе им се случат и да им објаснат дека овие промени се сосема нормални за фазата во која се тие.

Како родителите може да ги препознаат промените?

Родителите лесно ќе забележат дека нивното дете влегува во поинаква фаза од животот, тука се наизразените телесни промени (растење гради кај девојчињата, мутирање на гласот кај момчињата), промени во однесувањето, во размислувањето, во односот кон себе, светот и кон спротивниот пол.Родителите се збунети и најчесто реагираат со реченицата “моето послушно дете не ме слуша”, младите стануваат побунтовни, често го менуваат расположението и за разлика од претходните фази не ги слушаат советите од родителите.

Со кои промени родителите потешко се справуваат?

Физичките промени можеби полесно се поднесуваат, но емоционалните се оние кои може да доведат до потешкотии.Често адолесцентите се збунети, чувствителни, лесно се вознемируваат, темпераментни се, реагираат бурно и  различно од претходно. Многу е важно во овие години родителите да се присутни што е можно повеќе во животот на своите деца, и покрај сите одбивања, што најверојатно ќе ги добијат од нив, бидејќи истите не им се повеќе авторитет, ни доволно забавни за друштво. За полесно надминување особено важно е соодветна подготовка и отворена комуникација, трпение, објаснувања, помалку казнување, а повеќе заедничко време поминато во дружење и разговор за сè што ги интересира. Главна и најважна задача на родителот во оваа развојна фаза е да го поддржува, разбере и насочува и да му покаже дека е сигурно и сакано.

Кога е најдобро време за разговор со адолесцентите?

Поради промените кои се случуваат во пубертетот, често адолесцентите имаат  непредвидливи изливи на емоции и реакции и затоа е најдобро е да се почека „бурата“ да помине и потоа да се разговара.

При разговоротактивно слушајте го, покажете внимание и понудете му помош околу наоѓање на решение за проблемот што го мачи, колку и проблемот за кој сакаат да разговараат да ви изгледа неважен. Адолесцентите не сакаат да бидат контролирани, а сепак многу им значи заемната доверба со родителите. Во овој период детето станува сè посамостојно и независно. Независноста ги поттикнува да ги преиспитуваат верувањата и убедувањата на родителите, а воедно ги зацртуваат своите морални вредности и норми.

Кон крајот на пубертетот, се интензивираат и сексуалните чувства и потреби. Децата имаат многу неодговорени прашања во врска со сексуалноста, чувствата им се измешани и затоа е важно да зборуваат за тоа со родителите или со друг возрасен со кој се чувствуваат доволно слободни да разговараат на оваа тема и од кои можат да ги добијат точните одговори. Тука може пример дека најголемн дел од родителите не се чувствуваат комотно да разговараат на ова тема со своите деца и дека намерно ја избегнуваат што доведува младите да се информираат од групи на врсници или други неадекватни извори од каде добиваат погрешни информации.

На кој начин адолесцентите го манифестираат градењето на сопствениот идентитет?

Во фазата на пубертет се појавува чувството на љубопитност и експериментирање. Формирањето на идентитетот кај детето е придружено со неговата силна желба да им ги потенцира на родителот и другите луѓе од своето опкружување својата посебност, различност и единственост, изразени преку: избор на музика; склоност кон одреден вид храна; избор на облека и фризура; избор на слободни активности и хоби; избор на пријатели и уверувања; планови за иднина и сл. Најчесто изборот на тинејџерите се разликува од изборот на родителите и тоа предизвикува загриженост и вознемиреност кај родителите. Немојте да го осудувате или исмејувате, напротив поразговајате за тоа како го направил изборот, што му се допаѓа, како се чувствува додека го прави тоа.

Што ако се соочат родителите со употреба на алкохол, цигари и наркотици?

Употребата на алкохол, цигари и наркотици најчесто родителите најмногу ги плаши и вознемирува, во тие ситуации тие применуваат забрани, казни и заплашување што доведува до одложување на намерата или пак зголемувањена неговата љубопитност.

Би било добро отворено да поразговарате за вашето лично искуство (доколку истото постои) за да му покажете дека и вие сте биле ставени во иста или слична ситуација. Воздржете се од критика и нагласете му дека во непријатните ситуации секогаш сте тука за да му помогнете и поддржите, ја цените искреноста и го сакате. Многу е важно преку отворен разговор да се укаже на последиците од употреба на истите и доколку е потребно да се побара стручна помош.

Како да се научи детето на самостојно и правилно донесување одлуки?

Во правењето избори детето и ќе погреши. Овој период е голема шанса и можност родителот во безбедна средина да му покаже и да го научи детето на самостојно и правилно донесување одлуки.

Самостојноста родителот може да ја поттикне и јакне преку: давање поддршка на детето, дури и кога тоа греши; поттикнување на детето по неуспех повторно да се обиде; изразување безусловна љубов; почитување на идеите и различното мислење на детето; практикување на разговор со детето како на нив рамно и сл. Но, најважно ќе му биде сознанието дека на својот родител може без страв во секое време да му се обрати за помош, без да биде изложено на исмевање или критика.

Авторка: Николина Николовска, социјална работничка и операторка на Линијата за родители

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската