„8 март е Ден на жената и женските права. Многу жени во минатото дури и ги дале своите животи за тоа да биде реалност. Она што сега го добиваме со самотo раѓање многу жени порано го немале и требале да се изборат за тоа.
Поаѓајќи од таа точка не сметам дека славењето на успехот на овие жени треба да биде еден ден во годината. И тоа најмалку со славење по кафеани, патувања и слично. Мислам дека треба да разговараме и работиме на тоа да се најдат посоодветни начини, не да се прослави туку да се одбележи овој празник. Од друга страна за овие теми треба почесто да зборуваме. 8 март колку и да е ден за одбележување, сепак не е единствениот ден кога женските права треба да бидат тема на разговор.
Иако ги имаме оние основни права за кои што тие се бореле, родовата еднаквост во Македонија е далеку од она што би било минимално задоволително. Се уште жените немаат ист пристап во однос на мажите. За тоа сите треба да разговараме и да најдеме начин како да се едуцираат жените за значењето на овој празник и тоа заедно со медиумите да се прави тековно, изјави Елена Димушевска, извршен директор во Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство, коментирајќи го нашиот менталитет за прослави на еден ден од годината“.
Преземено од Слободен Печат. Целото интервју може да го проследите на следниот линк



