Британската амбасада со поддршка за Интервентниот Женски Фонд

Интервентниот Женски Фонд со поддршка од Британската амбасада, започнувајќи од јуни 2020, обезбедува финансиска и материјална помош за жени жртви на насилство. Ги повикуваме сите жени кои имаат потреба од помош и поддршка, да се обратат во Националната мрежа.

Покрај редовните услуги за бесплатна правна и психолошка помош кои Мрежата ги нуди на жртвите кои ја напуштиле или планираат да ја напуштат насилната средина, со овие средства помагаме во обезбедување помош за плаќање кирија, режиски трошоци, медицинска документација за повреди настанати при насилство, помош при трошоци за адвокат во правни постапки, но и пакети со храна и хигиенски средства и производи за бебиња и деца, како и за лекови и терапии.

Средствата од Фондот се достапни за сите жени кои преживеале насилство и кои:

-ја напуштиле насилната средина или им е потребна поддршка да ја напуштат насилната средина;
-се материјално необезбедени или во социјален ризик;
-се во ризик од бездомништво.

Отворањето и активирањето на овој фонд е дел од глобалната кампања „16 денови активизам против родово базирано насилство“ од 2017 година.

Идејата за овој фонд дојде по донацијата од претходниот градоначанaлник општина Центар во 2017 година, Андреј Жерновски, со пренамена на средства од осмомартовската прослава. Ова воедно е и прва донација во Интервентниот женски фонд.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската