Интервентен женски фонд – донации и потрошени средства

Интервентниот женски фонд беше отворен со цел прибирање средства за помош на жени кои се жртви на насилство и кои сакаат да ја напуштат насилната средина. Првичната помош која им се дава на жените се состои од: храна, хигиенски средства, лекови, правна помош и сето она што во првите моменти може да им биде потребно на жените.

Покрај првичната донација од бившиот градоначалник на Општина Центар, со која беше отворен фондот, донациите кои досега пристигнаа во Женскиот фонд се од:
– физички лица (19,400 ден.)
– правни лица (6,000 ден.)
– локална самоуправа (50,000 ден.)

До сега средства од фондот беа искористени за:
– храна и хигиенски средства за една жена и нејзините 3 деца жртви на насилство на месечно ниво;
– храна и средства за грижа за новороденче за една жена жртва на насилство;
– адвокатски трошоци во бракоразводна постапка за две жени жртви на насилство.

Броеви за донации: ОнеВИП – 143 477; Телеком – 143 300

Жиро сметка: Глас против насилство 200003247799194, Стопанска Банка АД-Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската