Работна средба со претседателки на женски форуми од политички партии

Работна средба на тема „Насилството врз жените – дел од агендата на политичките партии во Република Македонија“ се одржа на 18.02.2017 година, сабота во Хотел Белви, Скопје со почеток од 10:30 часот. Присутни на работната средба беа 19 претставнички од 12 политички партии во Република Македонија кои на 25 Ноември ја потпишаа Заедничка Декларација: Спречување и заштита од различни форми на насилство врз жените и семејно насилство.

Целта на оваа средба беше договарање на следни чекори и изработка на план за акција.

По поздравното обраќање на извршната директорка, Елена Димушевска следеше презентација на предходно имплементирани активности со политички партии во Република Македонија на тема родово базирано насилство. Беше претставена и моменталната состојба со насилството врз жените и семејното насилство во државата.

Оваа работна средба се одржа како дел од активностите во рамки на проектот „Спречување на насилството врз жените во согласност со ЕУ стандардите“, финансиран од Квина тил Квина. Како и дел од активностите во рамки на проектот „Насилството врз жените дел од агендата на политичките партии во Република Македонија“ од програмата Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ) а во имплементација на Националната мрежа против насилство врз жената и семејно насилство – Глас против насилство.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската