Елена Димушевска во Аргумент Плус: „Секоја пријава мора да добие должното внимание“

Во емисијата Аргумент плус на ТВ24, Елена Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, упати силни пораки за институционалната одговорност и потребата од системска промена во справувањето со фемицидите во Македонија.

  • Фемицидот мора да се именува
    Димушевска нагласи дека е важно да се користи точниот термин „фемицид“, за да се препознае сериозноста на феноменот и да се креираат соодветни политики за превенција и заштита.
  • Одговорноста не завршува кај сторителот
    Иако сторителот на последниот случај извршил самоубиство, таа истакна дека одговорноста ја носат и институциите кои не реагирале навреме на претходните пријави и сигнали за насилство.
  • Индивидуален пристап кон секој случај
    „Секоја приказна на насилство има свои специфики,“ рече Димушевска, повикувајќи на индивидуална процена на ризик и навремени мерки за заштита, наместо шаблонско постапување.
  • Професионализам без предрасуди
    Таа предупреди дека службениците во полицијата, центрите за социјална работа и обвинителството не смеат да дозволат нивните лични стереотипи да влијаат врз професионалното постапување:

„Во приватниот живот секој може да има ставови, но на работното место мора да се постапува професионално и согласно законите.“

  • Превенцијата како заборавен сегмент
    Димушевска потсети дека превенцијата е првиот и најважен чекор, но во Македонија таа постојано се занемарува.

Елена Димушевска јасно порача дека игнорирањето на пријавите од жените е недозволиво и дека секоја пријава мора да добие должното внимание. Таа повика на континуирана обука на професионалците, подобрување на ресурсите и воспоставување систем на вистинска одговорност.

Гостувањето може да се погледне на линкот долу:

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Жените пријавуваат насилство, институциите не постапуваат, а механизмите за превенција се уназадуваат

Постојните законски механизми за заштита на жртвите не се користат во целост, институциите не постапуваат со потребната итност, а одговорноста за пропустите во постапувањето изостанува.

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи: