Насилството врз жените е институционален и системски проблем вели Хајди Штерјова Симоновиќ, проектна координаторка во Мрежата, за Утринската програма на Телма.
„Не може да зборуваме за намалување на бројот на жртви бидејќи се зголемува потребата од повеќе услуги. Секоја втора жена барем еднаш во животот се има соочено со некоја форма на насилство. Физичкото насилство е најпријавуваната форма на насилство, затоа што економското и психолошкото насилство е нормализирано од целиот систем и не се перцепира како форма на насилство.
Жените кои трпат долготрајно семејно насилство многу потешко се охрабруваат да пријават. Тоа е затоа што насилниците се посебна структура на луѓе, кои преку различните форми на насилство и во отсуство на поддршка од најблиските и системот буквално ја уништуваат самодовербата на жртвата.
За да очекуваме жртвите да преземат иницијатива и да бидат истрајни во прогонот на сторителите, потребно е преку мерки преземени од државата да се овозможи нивно економско, психолошко и социјално зајакнување на жртвите“, рече Штерјова Симоновиќ.
Во врска со најновиот случај на фемицид во Шуто Оризари, кога беше убиена Рамајана Асан, Штерјова Симоновиќ рече дека Штерјова Симоновиќ
„Бараме да се направи темелна и целосна истрага каде што ќе се утврди дали некоја од
алките во системскиот одговор на насилството во овој случај откажала и соодветно да се
гонат тие што не постапиле“.
.
Преземено од Телма



