Растргната меѓу семејството, професијата, обврските како мајка, сопруга, нечие дете, традиционалните норми и балканската обичајност – македонската жена ни оддалеку не е доволно присутна во општествените текови – на локално и на централно ниво, онаму каде што се креираат политиките.
Иако помногубројна од мажите и пообразована според степенот на едуцираност, женската популација во земјава и натаму е жртва на се поголемиот јаз со мажите, независно дали станува збор за работните позиции, раководните места, сопственичкото право, семејното насилство, политиката..
Со ова Македонија не е исклучок од глобалната тенденција на зголемување на гапот меѓу родовите на сите полиња, со што се губи трката за еднакви права на мажите и на жените..Ако претходната влада имаше скромна 25 процентна застапеност на жени во министерски улоги 5 од 16, оваа бројка сега е намалена за половина па има само 3 жени на министерски позиции .
Зачудува фактот што институционално , во законодавниот дом но и во законската свера, постојат организирани форуми и стандарди за зголемување на бројот на жената во политичките процеси, но нејзиниот број од година во година опаѓа.
Иако има Комисија за еднакви можности во собранието, а тука е и клубот на жените пратенички а во изборниот законик присутни се и квоти, тенденцијата на женската присутност бележи регрес па од 52 жени пратенички во минатиот парламентарен состав, сега има 43. Во единиците на локалната самоуправа бројот на жени градоначалнички се брои на прстите од едната рака. Зошто политиката за жените станува неатрактивен предизвик?
Намалениот женски интерес за вклучување во процесите на одлучување се должи и на тоа што тие се помалку застапени на работните позиции, што се реперкуира и врз нивната економска моќ, која би ги направила независни во одлуките за личниот развој и прогрес. А и се на позиции кои по природата се помалку платени за разлика од таканаречените машки професии. Нив ги има помалку и во корпоративниот сектор. Пречките на нивниот пат го кочат претприемачкиот дух на жената. Од Бизнис конфедерацијата – проблемот го гледаат во традицијата и стереотипите во македонското општество каде имотот во мал број случаи го наследуваат жените, што би било добра основа да се започне одреден бизнис на пример.
Покрај помалку платениот женски труд во одделни гранки, неплатената домашна работа – една од две жени не е ниту активен барател на работа на пазарот на труд, утврдува анализата на Фајнанс Тинк. Истражувањето покажало дека во принцип жените
воглавно се вработени во сектори со пониски примања, што сето заедно резултура со родова сегрегација кога станува збор за вработувањата. Од таму препорачуваат дека треба да се обрне внимание и на родовите стереотипи – кои се пречка за зајакнување на економската независнот на жената- утврдило истражувањето на Фајнанс Тинк..
ТВ 24 направи анкета што мислат жените за нивната состојба во општеството. Дел од нив сметаат дека треба да се подобри нивната економска состојба, за да не бидат зависни од мажите. Но и се свесни дека правата можат да им се унапредат во зависнот од тоа колку ќе биде силна нивната борба а и колку жените ќе бидат единствени и организирани во разни облици на здружување.
А токму економската нееднаквост е добра почва за психичко насилство и тортура во едно семејство, кое преминува неретко и во физичко. Полициските билтени се преполни со насилници кои дигаат рака врз својот брачен партнер оној од понежниот пол. Од Националната мрежа против насилство вра жените, сметаат дека системот треба да воспостави економска независност на жената, особено во процесот на судските постапки кои се водат против мажите- насилници. Обездувањето на советувалишта, шелтер центри, психолошка поддршка да не бидат само мртво слово на хартија.
Тонски: Хајди Штејрова Симоновиќ Националната мрежа против насилство вра жените
Македонија и овој 8 март го дочекува со поразителна статистика. Жените се жртви на семејно насилство во 79% од случаите. Само 38,3% од вработените лица се жени 28,5% од имотот во државата е сопственост на жени , а само 4,1 % е во сопственост на жени од рурални средини. Условите за обезбедување пензија од државата ги исполнуваат 41 % од жените а 66, 4 % од неплатените семејни работници се жени..
Дали ваквите бројки и се досега кажаното, ќе ги алармираат надлежните но и ќе ги поттикнат жените за поголема ангажираност за себе, или пак наводната родова еднаквост и натаму ќе се гледа само еден ден во годината – преку подарено цвеќе и вечера по рестораните.
Преземено од Телевизија 24.



