По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, Платформата за родова еднаквост организираше протестен марш во Скопје на којшто се испишуваат осум црвени линии, меѓу кои еднакви плати меѓу мажите и жените, 50 проценти застапеност на жените на позициите на моќ и решителност на институциите во борба и активност во справување и препознавање на фемицидот.

-Мојата црвена линија е општество кое препознава насилство, нула силувани жени, сите насилници да одат во затвор и да бидат правно санкционирани, нула починати родилки за време на пораѓај. Ова се основните црвени линии преку кои што не прегазуваме и воопшто не преговараме, истакна во изјава за медиумите Ана Аврамовска Нушкова од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.
Повеќе на оваа тема може да прочитате на Цивил Медиа.
Преземено од Цивил Медиа.
Дополнително, на видеото подолу може да се прогледне и изјавата на Ана Аврамоска Нушкова.
Преземено од Телма ТВ.




