Недела на застапување во Брисел

Од 13.11 до 18.11.2023 во Брисел се одржа „Недела за застапување“, на која женските организации од Западен Балкан ги презентираат предизвиците со кои се соочуваат во своето работење и зборуваат за состојбата со родовата еднаквост и родово базираното насилство во своите земји. Претставнички од женските организации од 6-те земји во Западен Балкан (Северна Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија) земаа учество на овогодинешната Недела на застапување.

Земајќи ги во предвид статистиките, анализите и извештаите за состојбата со жените и девојчињата жртви на родово базирано и семејно насилство, како и наодите од извештајот за напредокот на Р. Северна Македонија во спроведувањето на активностите предвидени во Националниот Акциски План за имплементација на Истанбулската Конвенција,Ана Аврамоска Нушкова од Националната мрежа застапуваше пред европратеници, известувачи за ЕУ, како и пред други релевантни чинители чија работа придонесува за подобрување на правата на жените и на родовата рамноправност во процесите на пристапување во ЕУ. Една од организираните работи средби беше со Фредерик Свинен, од политичко биро за Северна Македонија, Виктор Тилеа, службеник за владеење на правот за Северна Македонија и Евиола Прифти, политички координатор, Северна Македонија кои работат во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување, и се надлежни за следење на состојбата во Северна Македонија. На средбата беше презентирана состојбата во државата во однос на различните аспекти поврзани со родова еднаквост, правата на жените и родово базирано насилство.

На 16 Ноември се одржа настан на кој се презентираа главните наоди од Извештајот за  правата на жените во Западен Балкан во Европскиот парламент, а домаќин на настанот беше европратеничката Алесандра Морети, од Делегацијата во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација помеѓу ЕУ-Србија

Оваа активност е поддржана од подржана од Шведската Фондација Kvinna till Kvinna.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската