Женски пикник: Меѓународен ден на девојчињата, 2023

Наместо да бидат заштитени и да растат безгрижно во здрава средина која ќе им помогне да го остварат својот личен потенцијал, голем број од девојчињата во светот и понатаму се соочуваат со многу неправди. Според светските статистики на УНИЦЕФ:

  • Тинејџерската бременост е главната причина за смртност кај адолесцентките – 4 од 10 девојчиња на возраст од 15-19 години не користат модерен метод на контрацепција;
  • 1 од 4 адолесцентки на возраст од 15-19 години кои се во врска или во брак искусиле физичко или сексуално насилство од својот интимен партнер барем еднаш во животот;
  • 1 од 5 девојчиња не завршуваат основно образование, а 4 од 10 не завршуваат средно образование.

Сакајќи да им помогне на девојчињата да се справат со овие проблеми мудро и информирано, Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство реши овој 11 Октомври да го помине работно и, со поддршка од Американското катче, да го одбележи Меѓународниот ден на девојчињата со еден мал Женски пикник пред Школката во Градскиот парк. Беа организирани три паралелни дискусии за секоја од трите точки од извештајот на УНИЦЕФ:

  1. Женското сексуално и репродуктивно здравје

…или кои се методите за заштита од сексуално преносливи болести и несакана бременост и како да се води грижа за репродуктивното здравје со редовни посети на гинеколог и отворени разговори со повозрасните. Насоките ги даде врсничката едукаторка Марта Чадиковска од ХЕРА.

  1. Насилните тинејџерски врски

…и нивните први знаци кои не се секогаш очигледни, туку може да се помешаат со љубов и посветеност, кога во суштина се работи за љубомора, контрола и злоупотреба на моќта. За ова, Теодора Милеска од Мрежата Стела се послужи со Семафорот на прифатливост и со секое присутно девојче разгледа неколку хипотетички ситуации за кои тие требаше да дадат зелено, жолто или црвено светло.

  1. Нашите идни кариери

…и како да се одбере вистинскиот пат во овој свет полн со можности кои често може да ги збуни младите девојки наместо да ги насочи. Искусната Катерина Златановска Попова од Асоцијацијата на советници за развој на кариера претстави неколку различни техники за пронаоѓање на својот внатрешен глас и личните мотивации. Учесничките добија и копија од романот „Своја“ за личната приказна на авторката Ирена Чаушевска Даниловска, некогашна жртва на семејно насилство која денес е успешна претприемачка и истражувачка и ги инспирира останатите со својата истрајност.

Секое присутно девојче доби и по една кошничка за пикник со чај, здрави закуски и различни материјали со информации за тоа каде може да побара помош доколку се почувствува загрозено или несигурно.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската