Фемиците во Македонија: од 5 убиства при семејно насилство, 3 се поради омраза кон жените

Фросина Ивановска гостува на Македонија Наутро на МТВ1 и зборува за фемицидите или убиства на жени. Таа вели дека најважно е да се направи длабока и темелна проценка на тоа колкав е ризикот да се случи убиство кога се пријавува насилството. Може да постојат закани или други однесувања кои се црвено знаменце за ризик од убиства, кои треба навремено да се забележат. Мерките треба да се преземат кога е пријавено било какво насилство за жената да се заштити, а сторителот да биде спречен да изврши убиство.

Исто така, важно е институциите да покажат казнивост на сторителите на насилство врз жените, за да се даде до знаење дека заштита постои за жртвите.

Мора да се вклучат сите институции, кога има пријава за насилство за да може на жената да и се укаже соодветната помош и поддршка, особено кога една институција не може да се справи со случајот во моментот на пријавување. Тоа е еден од начините да се спречи идно насилство, а со тоа и фемицид.

Се прави т.н план за безбедност каде се проверува како точно и кои се чекорите за напуштање на насилникот со цел заштита на жената и децата доколку ги има. Доколку целиот систем е алармиран и соодветно постапува, фемицидите може да се спречат.

Преземено од Македонија наутро на МТВ1.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Жените пријавуваат насилство, институциите не постапуваат, а механизмите за превенција се уназадуваат

Постојните законски механизми за заштита на жртвите не се користат во целост, институциите не постапуваат со потребната итност, а одговорноста за пропустите во постапувањето изостанува.

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи: