24 анализа – Зошто не се пријавуваат случаите за насилство врз децата?

Каде потфрли системот на социјална заштита во случајот со ѕверски претепаното бебе, со трите деца кои живи изгореа во Велес, со бременото малолетно девојче во домот„ 25 мај“? Ќе се поведе ли грижа за децата кои користат дрога, за тие што питачат? Зошто не се пријавуваат случаите за насилство врз децата – податоците се фрапанти.

Во 24 aнализа дебатираат Мила Царовска министерка за труд и социјална политика, Наташа Станојевиќ директорка на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа-Скопје, Татјана Гогоска лице за односи со јавност во Првата детска амбасада Меѓаши и Елена Димушевска Извршна директорка-Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Преземено од: ТВ 24

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Жените пријавуваат насилство, институциите не постапуваат, а механизмите за превенција се уназадуваат

Постојните законски механизми за заштита на жртвите не се користат во целост, институциите не постапуваат со потребната итност, а одговорноста за пропустите во постапувањето изостанува.

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи: