Поддржано домување во индивидуални живеалишта за жени жртви на насилство

Донатор: Град Скопје

Цел: Развивање на сеопфатен систем за реинтеграција и рехабилитација на жени и деца жртви на насилство кој ќе овозможи напуштање на насилната средина, како и психолошка поддршка и економско јакнење, а во насока на осамостојување и целосно интегрирање во општеството на жените жртви на насилство без постоење на ризик да се врати во насилната средина.

Овој проект претставува продолжување на процесот на воспоставување на модел за подржано домување на жени жртви на насилство кои ја напуштиле насилната средина. Предлог моделот е концепт кој треба да овозможи реинтеграција и рехабилитација на жртвите на семејно насилство преку обезбедување безбедно домување во период од 6 до 10 месеци за жени кои биле жртви на семејно насилство и ја напуштиле насилната средина, а притоа немаат свое живеалиште ниту пак можат да го користат живеалиштето на нивните родители. Овој проект треба да овозможи трансформирање на постоечкиот модел на поддржано домување од Куќа за отворено домување во поекономичен модел на поддржано домување во индивидуални станови.

Времетраење: Април – Декември 2022г

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn