Состанок со делегацијата од ГРЕВИО – независно експертско тело при Советот на Европа

По поднесениот извештај од страна на Државата во април 2022г., Платформата за родова еднаквост достави извештај во сенка до ГРЕВИО – независно експертско тело при Советот на Европа кое е одговорно за следење на имплементацијата на Истанбулската конвенција.

На 26 септември во Хотел Солун беа организирани неколку работни средби со претставници од граѓанскиот сектор кои работат на унапредување на правата на жените со фокус на жените жртви на родово базирано и семејно насилство. Средбата беше организирана од страна на делегацијата на ГРЕВИО која ја посети Република Северна Македонија. На средбите присуствуваа претставнички од Националната Мрежа против насилство врз жените и семејно насилство кои подетално ги споделија своите знаење и искуства со делегатите од ГРЕВИО, а кои се однесуваа на состојбата со родово базираното насилство во нашата држава, препознавањето на сексуалното насилство како и сексуалното вознемирување преку онлајн платформите. Дополнително беше нагласена бавноста во измените и донесувањата на соодветни законски решенија согласно предвидениот Национален Акциски План. На овој состанок се отворија голем број на прашања и се разви дискусија посебно за постапувањето на професионалците кои работат во клучните институции кои првично треба да дадат помош и поддршка на жените и децата жртви на семејно и родово базирано насилство, како што се локалните центри за социјална работа и полициските станици.

Евалуацискиот извештај од ГРЕВИО за нашата Држава се очекува во септември 2023 година.

Повеќе за поднесените извештаи од страна на граѓанските организации како и извештајот кој Р. Северна Македонија го испрати до ГРЕВИО  (достапни само на англиски јазик) може прочитате на следниот линк.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската