На 5-ти и 6-ти Мај 2022 г. Националната мрежа против насилство и семејно насилство одржа работилница за стратешко планирање со партнерските организации кои беа субгрантисти во 2021 година. На работилницата учествуваа претставнички од следниве организации: НВО Семпер-Битола, Здружението на психолози, советувачи и психотерапевти – Кортекс, Тетово, Организација на жени на Општина Велес, Здружение за родова еднаквост „Визија“ од Кавадарци, Организацијата на жени на Општина Свети Николе и Асоцијација за унапредување на статусот на жените во Македонија „Женска акција“ од Радовиш.
Во текот на двата дена, организациите ги презентираа за постигнатите резултати од спроведените проекти преку процесот на субгрантирање, како и тековните предизвици со кои се соочуваат по завршување на проектите. Исто така, зборувавме за идни чекори и акции кои ќе помогнат во справување со предизвиците и унапредување на состојбите со специјализирани услуги за реинтеграција и рехабилитација за жени жртви на насилство, локално во нивните општини.
Оваа активност се спроведе во рамките на проектот ,,Институционализирање на квалитетни сервиси за рехабилитација и интеграција на жени жртви на насилство” поддржан од Австриската развојна агенција (АДА).








