Во текот на aприл 2022г. Платформата за родова еднаквост достави Извештај во сенка до независното експертско тело на Советот за Европа – ГРЕВИО, кое е одговорно за следење на имплементација на Истанбулската конвенција. Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство даде свој инпут во овој Извештај.
Главните препораки на извештајот се насочени кон ревизија на Националниот акциски план за имплементација на Истанбулската конвенција (2018-2023) за активностите кои не се спроведени или се делумно спроведени, потоа усогласување на националното законодавство со конвенцијата, пред се кривичниот законик од аспект на прецизно дефинирање на формите на насилство и воведување на нови кривични дела како демнење, психолошко насилство, женско генитално осакатување, присилен брак, присилен абортус и присилна стерилизација, сексуално вознемирување, како и концептот на согласност во однос на делото „силување“. Дополнително усогласување на Законот за бесплатна правна помош, согласно сите форми на родово базирано насилство, како и Законот за социјална заштита, кој исто така опфаќа само формата „семејно насилство“ но не и сте форми на родово базирано насилство.
Дополнително се препорачува ревизија на стандардите за специјализирани услуги и воспоставување на достапни услуги насекаде низ државата кои ќе бидат пристапни за жените со попреченост, за малцинствата, како и руралните жени. Во согласност со ова, и обезбедување на финансиски средства за граѓанските организации да раководат со специјализирани услуги согласно Конвенцијата.
Препораките се во насока и на спроведување на редовни национални истражувања за состојба со родово базирано и семејно насилство, како и тековно собирање податоци од сите вклучени институции и организации.
Повеќе детали за заклучоците и препораките има на следниот линк.




