Конкурс за Најдобра младинска иницијатива

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство  објави конкурс за избор на најдобра младинска иницијатива, на тема ‘’Превенција на родово базирано насилство’’ . Конкурсот се организира како дел од проектот „Застапување за унапредување на политиките/стратегиите за спречување на сите облици на насилство врз жените“ поддржан од локалната канцеларија на UNWOMAN во Скопје.

Целта на овој конкурс е  активирање на младите и нивно вклучување во борбата против родово базираното насилство. Младите ќе имаат можност да ги изразат своите идеи на креативен начин осмислувајќи иницијатива која доколку биде избрана ќе биде финансиски подржана и реализирана. На конкурсот може да се пријават сите заинтересирани на возраст до 33 години. Групите може да содржат од 3 до 6 члена,а секоја група има право да поднесе само по една иницијатива. Планираните активности ќе се имплементираат  во општината предвидена во иницијативата во период од 01.09 до 15.10. Расположливиот фонд за имплементација на активностите изнесува 30.000 денари.

Сите заинтересирани учесници својата идеа и планот за имлементација да ги испратат на е- маил адреса mila.radonjic@glasprotivnasilstvo.org.mk најдоцна до 15- ти август. До 30- ти август по пат на комисиски избор ќе биде одбрана најкреативната и најиновативната младинска иницијатива, која со подршка на извршната канцеларија на мрежата ќе биде имплементирана во периодот што следи.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската