Студиска посета во Виена, Австрија – услуги за заштита и реинтеграција на жени жртви на насилство

Во периодот од 18ти до 21 Октомври 2022г. тимот на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во рамките на регионалниот проект за „Институционализација на квалитетни услуги за интеграција и рехабилитација на жени жртви на насилство во Западен Балкан„  оствари студиска посета во Виена, Австрија.

Целта на студиската посета беше запознавање со системот на заштита и реинтеграција на жени жртви на насилство кој се спроведува во Австрија, и локално во Градот Виена, како и можност за учење позитивни практики и политики кои би можеле да се применат во Северна Македонија во насока на унапредување на системот на заштита и реинтеграција во нашата држава.

Во текот на посетата имавме состаноци со повеќе институции и женски граѓански организации кои презентираа дел од својата работа во однос на финансирањето и раководењето на специјализирани услуги за жени жртви на насилство. Средби беа остварени со следниве женски граѓански организации: Здружение на австриски автономни женски засолништа (AÖF) и линија за помош на жените, Европска мрежа против насилство (WAVE), Виенски центар за засолништа и советувалиште за жени, Интервентен Центар за интервенции домашно насилство (Interventionsstelle Wien); и со следниве институции: Австриската агенција за развој (АДА), Федерална канцеларија – Одделение за жени и еднаквост (Bundeskanzleramt, Referat für Frauen und Gleichstellung), Институтот за кривично право и криминологија на Универзитетот во Виена, Министерството за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите (Ministerium für Soziales, Gesundheit, Pflege und Verbraucherschutz), и Агенцијата за фундаментални права (FRA).

Од студиската посета увидовме дека сите специјализирани услуги за жени жртви на насилство во Виена, и насекаде низ Австрија се раководени само од женски граѓански организации, а финансирањето е обезбедено од Федералната канцеларија – Одделение за жени и еднаквост на годишно ниво согласно потребите на организациите локално. Дополнително, Градот Виена обезбедува 45 индивидуални станови за поддржано домување, кое како услуга е раководено од Здружението на австриски автономни женски засолништа (AÖF) заедно со 5 засолништа на територијата на градот Виена.

Студиската посета ја организираа партнерските организации Родова алијанса Центар за развој (GADC) и  Албанската мрежа за зајакнување на жените (AWEN) од Албанија, каде учество земаа партнерските организации Автономен Женски Центар (AWC) од Србија, Центар за женски права (WRC) од Црна Гора, Косовската женска мрежа (KWN) од Косово, Фондација Обединети жени )FUW) од Босна и Херцеговина, и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство од Северна Македонија.

Оваа активност е поддржана од Австриската Агенција за развија (АДА).

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската