Итна измена на Кривичен законик: Согласноста како основен елемент на кривично дело СИЛУВАЊЕ

Во Кривичниот законик на РСМ,  основниот елемент за квалификација на кривичното дело Силувањето е употреба на физичка сила или закана од страна на сторителот и даден отпор од страна на жртвата.

Во нашата држава постои „темна“ бројка на случаи на силување за кои малку се зборува и всушност не постојат пред институциите. А, во реалноста постојат, без разлика дали се работи за сексуално насилство во интимна врска или брак, во рамките на семејно насилство, силување со злоупотреба на супстанции, силување каде што жртвата се замрзнува од страв.

Поради тоа е потребна итна измена и дополнување на дефиницјата за кривичното дело Силување. Измената треба да биде во насока на воведување согласност како еден од основните елементи на кривичното дело силување, а додека употребата на сила и/или закана да се стави како потежок облик на делото. Притоа согласноста треба е доброволна, трезвена, посакувана, вербална, не присилна, континуирана, активна, искрена донесена одлука.

Дополнително, иако во сегашната дефиниција не е исклучено силувањето во брак или во интимна партнерска врска, потребно е доуредување на дефицијата со кое ќе се прецизира дека ова кривично дело може да се изврши и од страна на сегашен или поранешен брачен другар или интимен партнер, а во кој случај ќе биде и потешко казнето. Овие предлог измени се во согласност со член 36 став 3 од Истанбулската конвенција. Вака дефинирано силувањето ќе придонесе кон препознавање и преземање на правни дејства за делото Силување во брак.

#ИтнаИзменанаКЗ #changingmindstoEVAW

Оваа активност е во рамките на проектот „Застапување и дијалог на експертско ниво со владата и парламентот за измена на постоечкото законодавство во областа на родово базирано насилство и дискриминација“, кој се спроведува во партнерство со УН Вомен Скопје, а е финансиски поддржан од Европската Унија. Проектот го имплементираат Центарот за истражување и креирање политики и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости