Анализа на законската регулатива поврзана со здравствена заштита на жени жртви на родово базирано насилство

Согласно Националниот Акциски план за имплементација на Истанбулската Конвенција (2018-2023), Министерството за здравство има обврска да направи измени и дополнувања во Законот за здравствена заштита и Законот за заштита на пациентите со цел усогласување на овие закони со одредбите на Конвенцијата која е ратификувана во 2017г.  Иако овие активности биле предвидени за 2018г. сепак сеуште не се целосно спроведени.

Во текот на 2021г. тимот на Националната мрежа спроведе родова анализа на законската регулатива која е поврзана со здравствената заштита на жени жртви на родово-базирано и семејно насилство. Беа анализирани Законот за здравствена заштита, Законот за заштита на пациентите и Законот за здравствено осигурување, како и Националните годишни програми за јавно здравје и 7 превентивни програми кои се релевантни за жени жртви на родово базирано и семејно насилство за период од 2019, 2020 и 2021 година.

Главниот заклучок на оваа анализа е дека превентивните програми жените жртви на родово базирано и семејно насилство не се застапени како специфична категорија во групи граѓани на кои се донесуваат програмите. Застапени се само жртви на сексуално насилство во Програмата за активна заштита на мајки и деца и тоа оние кои ќе бидат корисничките на Упатните центри за жртви на сексуално насилство.

Она што е клучно е дека насилството врз жени и семејно насилство мора да бидат вклучени во овие програми како општествен проблем, со посебен акцент на причините и последиците врз здравјето на жените и децата, како и последиците на ниво на целото општество. Во потесна смисла на зборот, превентивните програми преку Закон за здравствена заштита треба да се усогласат со Истанбулската конвенција и Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство и да овозможат бесплатни здравствени услуги за сите жени кои преживеале било каква форма на насилство без разлика на нивниот статус на здравствено осигурување.

Наодите и препораките од анализата беа презентирани на 23.09.2021 година преку платформата ЗООМ, пред претставници од Министерството за здравство, Институт за јавно здравје, Клиника за психијатрија – Скопје, Упатен центар за жртви на сексуално насилство, Завод за ментално здравје на деца и младинци, Центар за зависници, Медицински факултет и Завод за заштита на мајки и деца.

Документот е достапен на македонски јазик на овој линк.

Овој документ e подготвен во рамките на проектот „Застапување и дијалог на експертско ниво со владата и парламентот за измена на постоечкото законодавство во областа на родово базирано насилство и дискриминација“, а е имплементиран од Центарот за истражување и креирање политики (ЦРПМ) и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, во рамки на Регионалната програма на Европската Унија и UN Women „Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми – промена на ставови.“

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската