Обука на тема “Легислатива, постапување на институции, стандарди за специјализирани сервиси и пристап во работа со жени жртви на насилство“

Од 1 до 3 декември во хотел Бистра се одржа втората тродневна обука на тема “Легислатива, постапување на институции, стандарди за специјализирани сервиси и пристап во работа со жени жртви на семејно насилство“.  На обуката учествуваа 16 претставнички од женски граѓански организации.

Се зборуваше за новиот Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, што превидува во однос на постапување на институциите при пријава на родово базирано и семејно насилство, каква заштита треба да се обезбеди за жртвите, како и за одговорностите на секоја од релеватните институции. Учесничките се запознаа и со стандардите за воспоставување и раководење со специјализирани сервиси за помош и поддршка на жени и деца жртви. Исто така, учесничките ги унапредија и своите вештини за директна работа со жени жртви на семејно насилство.

Како и првата така и оваа обука е со цел зајакнување на капацитетите на локалните женски организации предвидена во рамките на проектот „На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Фондацијата „Kvinna till Kvinna“ (The Kvinna till Kvina Fondation), а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската