Субгрантирање на граѓански организации преку Програмата за финансиска поддршка на женски организации, женски неформални групи и иницијативи и индивидуалки

Недоволните податоци за состојбата со насилство врз жени жртви на родово базирано насилство и семејно насилство, пристапот  до специјализирани сервиси за помош и поддршка, како и недоволната свесност кај локалните власти за потребата и бенефитите од воспоставување на специјализирани сервиси на локално ниво укажува на неопходна потреба за реализирање на  активности кои ќе придонесат за зголемување на свесноста кај локалните власти и креирање на политики на локално ниво за помош и поддршка на жените жртви на семејно насилство на локално ниво.

Преку процес на суб-грантирање преку Програмата за финансиска поддршка на женски организации, женски неформални групи и иницијативи и индивидуалки, Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство заедно со 5 локални женски граѓански организации: НВО Семпер Битола, Организација на жени на Општина Велес, Здружение за родова еднаквост Визија Кавадарци, Национален ромски центар Куманово и Кортекс Тетово започна  интензивно да работи на воспоставување na ефикасна правна рамка и систем за поддршка за заштита на жените и девојките од сите форми на родово базирано насилство.

Активностите кои ќе се спроведуваат локално во 5 градови – Битола, Велес, Кавадарци, Куманово и Тетово, опфаќаат идентификација на предизвиците со кои се соочуваат жените жртви на насилство во пристапот до  специјализирани услуги за помош и поддршка на локално ниво, креирање препораки согласно наодите од спроведените анализи,  подготовка на алатки за застапување, како и отпочнување на процесот на застапување пред релевантни чинители на локално ниво за креирање на предуслови за воспоставување на одржливи специјализирани услуги за жени жртви на родово базирано и семејно насилство.

Спроведувањето на овие активности е во рамките на проектот „На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Северна Македонија“ финансиски поддржан  од Фондацијата „Kvinna till Kvinna“ (The Kvinna till Kvina Fondation), а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската