Модули за зголемување на медиумската писменост за родово базирано насилство и насилство врз жените и девојките

Медиумите играат важна улога во превенцијата и заштитата од родово-базирано и семејно насилство, и нивната улога е јасно предвидена во Истанбулската конвенција, Националниот акциски план за имплементација на Истанбулската конвенција (2018 -2023), како и Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство. При креирањето и емитувањето информативни и едукативни програми, медиумите треба да водат сметка за подигање на свеста кај општата јавност за сите форми на родово-базирано насилство и семејно насилство, промовирање на родовата еднаквост и елиминирање на стереотипите за родовите улоги и самостојно или преку професионалните здруженија на новинари и медиумските работници, и да  воспоставуваат соработка со здруженијата за јакнење на своите капацитети за професионално известување за прашањата поврзани со родово-базирано и семејно насилство.

Во партнерство со ХОПС – Опции за здрав живот – Скопје и Коалиција „Маргини“, изработивме Модули за зголемување на медиумската писменост за родово базирано насилство и насилство врз жените и девојките, чија главна цел е надградување на вештините и знаењата на различни видови медиумски професионалци (новинари, репортери, истражувачки новинар, уредници, лица од менаџментот итн.). Имено, документот содржи 3 модули и тоа:

  • Модул 1 – Родово базираното насилство и маргинализираните групи на жени, авторки д-р Ирена Цветковиќ и м-р Наташа Бошкова
  • Модул 2 – Постојната национална легислатива и системот на заштита на жени и девојки жртви на родово базирано насилство и семејно насилство, авторка м-р Маја Балшиќевска
  • Модул 3 – Известување за родово базираното насилство, авторка д-р Марина Тунева

Модулите се изработени во рамките на проектот  „Со различен диксурс до подобра реалност, медиумите во борбата против родово базирано насилство – зајакнување на медиумската писменост за РБН“, имплементиран од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, во партнерство сo Коалиција „Маргини“ и Национална мрежа за борба против насилството врз жените и семејното насилство, во рамки на Регионалната програма на Европската Унија и UN Women  „Спречување на насилството врз жените и девојките: Имплементирање на норми – промена на ставови.“

Документот е достапен на македонски јазик на овој линк.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската