Повик за учество во работилници за личен раст и развој

Женскиот Центар за подрршка – Скопје отвори Повик за учество во циклус работилници за личен раст и развој за жени и девојки. Целта на работилниците е учесничките да се запознаат подобро себе си, да си ги препознаат своите силни страни, да ги препознаат предизвиците со кои се соочуваат и да развијат вештини за нивно надминување.

Се охрабруваат сите заинтересирани жени и девојки кои ќе се пријават, да ги посетат сите три работилници.

Пријавувањето е преку е- маил konkurs@glasprotivnasilstvo.org.mk со пишување на име и презиме и контакт телефон, со назнака „Пријава за учество на работилници за личен раст и развој“

Работилниците ќе се оддржуваат во просториите на Женскиот центар за поддршка – Скопје во подоле наведените датуми, со почеток во 17.00 часот. Секоја работилница е со времетраење од 3 часа. Максималниот број на учеснички на работнилница е 8.

За сите дополнителни прашања може да не побарате на 075 255 154.

Прва работилница, 15.03.2022, вторник

Тема: Себеспознавање

Колку вистински се познаваш себеси? Како да се запознаеш подобро? Како да ги откриеш своите силни страни, вредности и да ги спознаеш своите слабости?

Што те мотивира и кои се твоите желби и соништа?

Доколку си подготвена и отворена да си подариш себеси време и внимание како што тоа го правиш за другите, започни со првата практична работилница за Себеспознавање

Втора работилница, 22.03.2022, вторник

Тема: Комуникација со себе

Како разговараш со себе кога си сама? Колку го слушаш својот внатрешен глас? Како да ја зголемиш својата самодоверба? Како се гледаш себеси, а како те гледаат другите? Која е сликата за себе која ја споделуваш со другите?  Како посакуваш да те гледаат другите?

Доколку си подготвена и отворена да станеш свој најдобар пријател и соговорник, не ја пропуштај втората практична работилница за Комуникација со себе

Трета работилница, 31.03.2022, четврток

Тема: Ефективна комуникација со другите

Како комуницираш со своите пријатели, со родителите, со партнерот? Кои се магичните зборови што ќе ти овозможат ефективна комуникација? Како навреме да ги препознаеш првите знаци на потенцијално насилство?

Доколку си подготвена и отворена да научиш практични алатки за добра комуникација, не ја пропуштај третата практична работилница за Ефективна комуникација со другите

Нешто повеќе за обучувачката, Катерина Златановска Попова

Со повеќе од 20 години искуство  во формалното и неформалното образование, таа има експертиза во повеќе области: проектно менаџирање (менаџирање на проекти), планирање, буџетирање, координирање и спроведување на различни работилници за личен развој, тимбилдинг  и други активности за повеќе организации, компании и нивните вработени; работилници за услуги и грижа за корисници; комуникации, обуки и тренинзи за превенција и решавање на конфликти, програми за лидерство и човечки ресурси, програма за професионален развој (меки вештини) за различни целни групи, кариерно советување и менторство.

Катерина била дел од повеќе  ERASMUS + прокти во партнерство со различни организации од Полска, Шпанија, Кипар, Турција, Латвија и Чешка.

Нејзината лична мисија е да ги поттикне другите да го  достигнат својот целосен потенцијал преку личен и професионален развој и доживотно учење и да го најдат својот IKIGAI.

Катерина Златановска Попова е професионален сертифициран советник за кариера од 2012 година и активен член на Асоцијацијата на советници за развој на кариера АСК Скопје. Таа е носител на сертификат за фасилитатор на ИПП, Point of you© тренер и консултант за човечки ресурси за регрутирање и селекција врз основа на компетентност.

******************************************************************************

Оваа активност е во рамки на проектот „Советувалишни центри за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство“,  финансиски подржан од Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршал фонд на Соединетите држави и Кралската амбасада на Норвешка во Белград, а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската