Депресивноста кај децата

Различните емоции и справувањето со нив се составен дел од човековото живеење. Исто како што возрасните се справуваат со своите емоции и децата се соочуваат со истото. Нормално е децата и адолесцентите понекогаш да се чувствуваат тажно, и тоа може да биде природен одговор на она што се случува околу нив. Честопати поминувањето на квалитетно време со нив, давањето поддршка и внимание може да помогне за кратко време повторно да се чувствуваат добро. Доколку тагата, лошите чувства и промените во однесувањето потраат подолго, можно е вашето дете да се соочува со депресивно расположение. Како родител може да биде корисно ако се разбере разликата помеѓу лошо и депресивно расположение. Ова може да помогне да размислите за она што вашето дете го доживува и соодветната подршката која му е потребна во моментот.

Некои од знаците кои укажуваат на депресивно расположение се:

  • Чувство на раздразливост, лутина или фрустрираност;
  • Губење на интерес за школските активности и задачи;
  • Повлекување или избегнување на пријатели и социјални активности;
  • Преголема самокритичност и намалена самодоверба;
  • Избегнуваат да прават работи во кои предходно уживале;
  • Промени во апетитот (зголемен или намален);
  • Промени во сонот (спие повеќе или пократко од вообичаеното);
  • Плачливост, чувство на осаменост и безнадежност;
  • Чувство на замор или намалена енергија
  • Промени во хигиенските навики и грижата за себе;
  • Чувство на вина и засраменост;
  • Самоповредување;
  • Самоубиствени мисли и мисли за смрт.

Доколку забележите некој од овие знаци, најважно ќе биде да дадете емоционална поддршка на вашето дете.

  • Поминете квалитетно време со него;
  • Охрабрете ги на отворен и искрен разговор;
  • Слушајте што има да ви каже вашето дете, запознајте се со нивните стравови и валидизирајте им ги чувствата;
  • Дајте им време, доколку не сакаат да зборуваат во моментот обидете се подоцна или следниот ден;
  • Доколку не сакаат да зборуваат со вас, охрабрете ги да зборуваат со некој друг од семејството;
  • Потсетете ги кој се може да им биде поддршка во моментот;
  • Охрабрете ги да размислуваат за активности и работи кој би им пружиле задоволство;
  • Потикнете ги да вежбаат, да се хранат здраво и да имаат редовен сон;
  • Понудете им идеи за различни социјални активност;
  • Организирајте семејни активности.

Се што ќе забележите дека му помага на вашето дете да се чувствува подобро практикувајте го колку е можно почесто. Најважно ќе биде да сте постојано тука за него, и вклучени во неговите активности. Доколку забележите дека ништо од ова не му помага на вашето дете, секако побарајте стручна помош.

Текстот изворно е објавен на „Мајка и дете“.

Пишува: Александра Стојановска, психолог, семеен и системски советник, супервизор на Линијата за родители.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Жените пријавуваат насилство, институциите не постапуваат, а механизмите за превенција се уназадуваат

Постојните законски механизми за заштита на жртвите не се користат во целост, институциите не постапуваат со потребната итност, а одговорноста за пропустите во постапувањето изостанува.

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи: