За нераскинливата врска помеѓу родителите и децата

Задржувајќи го вниманието на зборот од насловот на текстот, почнувам да се прашувам која е функцијата на родителот? Кои се оние елементи кои што ја прават оваа улога неопходна за растот и развојот на човештвото и општеството.

            Очигледно е дека родителите се оние кои што креираат нов живот во форма на бебе кое што преку детството и останатите развојни етапи се развива во оформена, возрасна и одговорна индивидуа. Но, доколку погледнеме од друг агол, родителот се појавува истовремено кога на светот доаѓа и детето. Како што без родители не би имало деца, исто така без деца не би постоеле ни родители.

            Без разлика дали горенаведеното има смисла или пак звучи контра-интуитивно, не можеме да го негираме фактот дека родителите и децата се взаемно поврзани едни со други. Родителите секогаш ќе бидат родители на детето, а детето засекогаш ќе ги има нив како родители, без разлика на целиот спектар на животни ситуации кои можат да ги насочат засегнатите страни на различни патишта од животот.

            Фокусот на овој текст е токму оваа нераскинлива врска помеѓу родителите и детето. Преку неа, родителот има можност да одговори на потребите на детето, а тоа пак има можност да расте и да го исполни сопствениот потенцијал. Дополнително, не е само детето тоа кое што расте во релацијата. Родителот исто така се менува, адаптира, реагира и се надоградува. Метафорички, можеме да го погледнеме овој процес како взаемен танц на потреби, конфликти, идеи, допири и емоции на целото семејство.

            Интересно е тоа дека децата не му го даваат авторитетот на родителот за да ги воспитува и насочува само поради тоа што тие се возрасни или пак знаат подобро, како што велат и авторите Гордон Њуфилд и Габор Мате (2004). Само поради тоа што родителите ги сакаат децата или мислат дека сѐ што прават е за нивно добро, не гарантира дека детето постојано неминовно ќе ги следи пораките и насоките кои што доаѓаат од нив. Но доколку љубовта не е доволна, што е тоа што недостасува за целиот овој процес да се одвива спонтано и да им носи радост и исполнетост на двете засегнати страни?

            Контекстот кој што дава простор за ваков вид на семејна атмосфера е вграден во самата релација помеѓу детето и родителот. За детето помалку е важно што родителот прави од тоа каков е родителот во суштина за детето. Затоа и како родителот се чувствува самиот со себе е една од најважните карактеристики за креирање сигурна релација со детето.

            Родителот кој што умее да ги задоволи своите потреби, успева да остане и во интеракција со своето дете во онаква форма каква што му е потребно. Децата бараат физичка и емоционална блискост со родителот и токму оваа детска потреба ја дава благородната позиција на родителот да биде водач, модел, насочувач и учител. Исклучиво преку следење на детето и неговите потреби, кои што се менуваат во секој момент, родителот има можност да изгради сигурна врска.

            Градејќи ваков вид на врска, детето учи како да му верува на светот, се впушта да го истражува истиот и си дозволува да доживува и да го живее животот во полн капацитет и истовремено да го развива својот потенцијал. Фокусирајќи се на тоа какви родители сме за нашите деца овозможуваме раст за целото семејство во нови форми на блискост, радост и исполнетост.

            Психолог, Кристијан Павловски (супервизор на Линијата за родители)

Текстот изворно е објавен на мајкаидете.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Жените пријавуваат насилство, институциите не постапуваат, а механизмите за превенција се уназадуваат

Постојните законски механизми за заштита на жртвите не се користат во целост, институциите не постапуваат со потребната итност, а одговорноста за пропустите во постапувањето изостанува.

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи: