26.10.2021 Соопштение за медиуми

По однос на вчерашната објава во медиумите за случајот со насилство врз жената од Гостивар, која била нападната физички од поранешниот вереник, Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство очекува ИТНО ПОСТАПУВАЊЕ во согласност со законите и ратификуваната Истанбулска Конвенција.

  • Покрај веќе превземените чекори, односно поднесувањето на обвинение за извршено кривично дело тешка телесна повреда чл. 131 ст. 2 од Кривичниот Законик, потребно е да бидат превземени и други мерки. Поконкретно: Јавното Обвинителството од Гостивар покрај обвинителниот предлог да поднесе и предлог до Основниот Суд во Гостивар за изрекување на мерката притвор против сторителот на насилството, а судот да ја изрече;
  • Меѓуопштинискиот центар за социјални работи – Гостивар да поднесе до судот барање за изрекување  на привремени мерки за заштита од насилство врз жени и семејно насилство, односно забрана за заканување, малтретирање, вознемирување, доближување, комуницирање и понатамошно вршење на насилство врз жртвата;
  • Меѓуопштинскиот центар за социјална работа да стапи во контакт со жртвата и да и понуди бесплатна правна помош и да обезбеди психосоцијална помош и поддршка на жртвата;
  • Министерството за здравство да и обезбеди бесплатна здравствена заштита на жртвата за лекување на повредите како и понатамошно лекување на последиците на насилството;

Очекуваме дека Основниот суд во Гостивар кој е надлежен за водење на судски постапки за кривични дела поврзани со насилство врз жени, да постапи во најитен рок по сите поднесени  барања во врска со овој случај.

Дополнително, очекуваме дека Основниот суд во Гостивар ја разбира сериозноста на ова дело и ќе обезбеди соодветна (највисока) казна за сторителот.

Согласно досегашните практики и искуства на Националната мрежа со жртви на насилство и семејно насилство  доколку итно не се преземат дејствија за заштита, насилството може да продолжи во континуитет со поголеми последици за жртвата.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската