Во периодот јули – септември 2019 година, во Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство беше спроведена анкета за нејзиното функционирање и односите со јавноста. Основната цел на анкетата беше да се сондираат мислењата, ставовите, перцепциите и искуствата поврзани со внатрешната комуникација и соработка во Мрежата и тоа, на организациите-членки, на вработените во извршната канцеларија и на организациите кои ја напуштиле Мрежата.
На ден 18.10.2019 година со почеток во 10.00 часот во Х. Дувет – Скопје се одржа работна средба со членките на Националната Мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, каде се презентираше Извештајот од спроведената анкета за функционирањето и односите со јавноста на Мрежата. Со анкетата беа испитувани и видувањата на организациите кои ја напуштиле Мрежата. Анкетата беше составена од структуирани прашалници кои ги подготви и спроведе надворешната консултантка Билјана Бејкова од Скопје, ангажирана од фондацијата Квина тил Квина, која по спроведените анкети го подготви Извештајот.
На средбата беа договорени и следните чекори кои треба да бидат превземени во насока на унапредување на работата на Мрежата.





