Унапредување на вештините на оператор(к)ите на Линијата за родители

Од 05 до 07 јули ја оддржавме втората, три дневна обука за унапредување на знаењата и вештините на ангажираните оператори на Линијата за родители. Обучувачки беа Александра Прошева – клинички психолог и гешталт терапевт, Деспина Стојановска – системски семеен психотерапевт и професионален обучувач за возрасни, и Дарија Петович Бамбур – супервизорка на СОС Родителска линија во Црна Гора. Обуката се оддржа на онлајн платформата Зоом.

Првиот ден зборуваме за основите на позитивното родителство, родителските стилови, а најголем фокус беше ставен на развојните фази кај децата и адолесцентите, односно како оператор(к)ите во текот на разговорот (телефонското советување) да ги препознаат главните карактеристики, како и потешкотиите кои може да се јават во секоја развојна фаза.

Во текот на вториот ден од обуката операторите имаа можност да ги унапредат своите знаења околу основните принципи и техники на советување преку телефон, и преку директни вежби – студии на студии на случај практично да ги унапредуваат вештините за ваквиот вид на советување.

На последниот ден од обуката акцентот беше ставен на односот и приврзаноста родител/дете, основните принципи на позитивна дисциплина, меѓутоа и преку практични примери и реални јавувања како да се адресираат однесувањата кај децата кои се голем предизвик за родителите.

На обуката беа поканети и кандидат(к)и за оператори, односно беше извршена селекција на нови оператор(к)и според мотивираноста и активноста на обуката, но и покажаните знаења и постоечки  вештини за советување преку телефон.

Обуката е дел од активностите во рамки на проектот „Воспоставување на национална линија за советување за позитивно родителство“ финансиски поддржан од канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

„Насилството не е приватна работа, имаме одговорност да реагираме“: Ана Аврамоска Нушкова за насилство врз жените во Македонија

По повод 25 ноември, Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените, повторно се отвора едно од најболните и најтешките прашања за нашето општество: колку