Во текот на Октомври 2021г. Националната мрежа организираше работен состанок со претставници на Агенцијата за вработување на Р. Северна Македонија, Министерството за труд и социјална политика и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) на кој се дискутираа препораки за унапредување на можностите за вработување на жени жртви на родово базирано и семејно насилство.
Препораките кои се дискутираа се дел од анализата „Препораки за унапредување на можностите за вработување на жени жртви на насилство“ изработена од Националната мрежа во 2020г. во рамките на проектот „Помош и поддршка на жртви на семејно насилство во пост-кризен период“ поддржан од Владата на Р. Северна Македонија. Она што е клучно од аспект на препораки е дека е потребно ревидирање на оперативните планови за активни мерки и програми за вработување каде ќе се креираат соодветни програми во согласност со специфичните потреби на оваа посебно ранлива категорија. Имено, потребно е ревидирање на програмата за самовработување, обезбедување обуки за жени со ниски примања, како и обуки на работодавачите кои ќе вработат жени жртви на насилство, воведување на флексибилно работно време на работните места итн.
Оваа активност се спроведе во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција на жртви од насилство“ поддржан од Австриската Агенција за развој (АДА).





