Медиумите играат важна улога во превенцијата и заштитата од родово-базирано и семејно насилство, и нивната улога е јасно предвидена во Истанбулската конвенција, Националниот акциски план за имплементација на Истанбулската конвенција (2018 -2023), како и Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство. При креирањето и емитувањето информативни и едукативни програми, медиумите треба да водат сметка за подигање на свеста кај општата јавност за сите форми на родово-базирано насилство и семејно насилство, промовирање на родовата еднаквост и елиминирање на стереотипите за родовите улоги и самостојно или преку професионалните здруженија на новинари и медиумските работници, и да воспоставуваат соработка со здруженијата за јакнење на своите капацитети за професионално известување за прашањата поврзани со родово-базирано и семејно насилство.
Во партнерство со ХОПС – Опции за здрав живот – Скопје и Коалиција „Маргини“, изработивме Модули за зголемување на медиумската писменост за родово базирано насилство и насилство врз жените и девојките, чија главна цел е надградување на вештините и знаењата на различни видови медиумски професионалци (новинари, репортери, истражувачки новинар, уредници, лица од менаџментот итн.). Имено, документот содржи 3 модули и тоа:

- Модул 1 – Родово базираното насилство и маргинализираните групи на жени, авторки д-р Ирена Цветковиќ и м-р Наташа Бошкова
- Модул 2 – Постојната национална легислатива и системот на заштита на жени и девојки жртви на родово базирано насилство и семејно насилство, авторка м-р Маја Балшиќевска
- Модул 3 – Известување за родово базираното насилство, авторка д-р Марина Тунева
Модулите се изработени во рамките на проектот „Со различен диксурс до подобра реалност, медиумите во борбата против родово базирано насилство – зајакнување на медиумската писменост за РБН“, имплементиран од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, во партнерство сo Коалиција „Маргини“ и Национална мрежа за борба против насилството врз жените и семејното насилство, во рамки на Регионалната програма на Европската Унија и UN Women „Спречување на насилството врз жените и девојките: Имплементирање на норми – промена на ставови.“
Документот е достапен на македонски јазик на овој линк.




