Донирани 10.000 евра за интервентниот женски фонд на Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство
Овој март во Македонија не дојде со вообичаениот календарски ритуал.
Дојде со прашања.
Прашања за безбедноста, за достоинството и за правото на секоја жена да живее живот во кој стравот не е секојдневие.
Во таков контекст, честитките звучат недоволно.
А симболичните пораки лесно стануваат празни.
Затоа понекогаш најважното што може да се направи е едноставно, да се дејствува.
По иницијатива на Халкбанк, а во партнерство со Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство, денес беше реализирана донација од 10.000 евра, наменета за поддршка на жени жртви на насилство и за зајакнување на организациите кои секојдневно работат на нивна заштита.
Иницијативата го носи името „Трансакција за храброст“. И ова име не е случајно.
Во економијата, трансакцијата е акт на доверба.
А во општеството, храброста често е првиот чекор кон слобода.
Но ниту довербата, ниту храброста не можат да постојат сами. Тие бараат систем што ќе ги поддржи.
За Националната мрежа токму таквата поддршка е клучна.
“Во моменти кога јавноста повторно се соочува со трагични приказни, ваквите партнерства испраќаат јасна порака; дека солидарноста не е декларација, туку одлука. И дека одговорноста за безбедноста на жените не е индивидуална, туку општествена.” изјавува Елена Димушевска – Извршна директорка на Националната мрежа
За Халкбанк, оваа иницијатива е дел од пошироката заложба за поддршка на економската независност и финансиската слобода на жените, вредности што банката континуирано ги поддржува преку своите програми и партнерства.



