Хелсиншки комитет за човекови права на Р. Македонија – БПП и Сигурна куќа

Хелсиншкиот комитет е овластено здружение за обезбедување на правна помош, запишано во државниот Регистар на даватели на претходна правна помош. Доколку имате потреба од бесплатна правна помош, можете да се јавите на бесплатниот телефонски број 0800 44 222. Доколку по разговорот ви е потребна понатамошна помош, можете да преземете и пополните Барање за бесплатна правна помош како и во нашата канцеларија. Заедно со барањето, доставете и копии од сите документи поврзани со Вашиот предмет. Доколку не сте во можност да копирате, тоа ќе го сториме во нашата канцеларија. По испраќањето на барањето по пошта, електронска пошта, или негово поднесување во нашата канцеларија, ќе Ви биде определен правен советник кој ќе работи на Вашиот предмет. Во зависност од предметот и доколку сте согласни, Хелсиншкиот комитет може да обезбеди советување, поддршка и помош при составување писмена пред државните органи и информирање на јавноста при потешки повреди на правата.

Хелсиншкиот комитет обезбедува правна помош во следниве области:
– Заштита од дискриминација
– Право на живот
– Заштита од мачење и малтретирање
– Заштита од неправично лишување од слобода
– Права од социјална заштита
– Права на лица со физички, ментални, интелектуални или сетилни нарушувања
– Еднаквост меѓу мажите и жените
– Работнички права
– Право на вероисповест
– Слобода на говор и информирање
– Заштита на личните податоци и приватноста
– Слобода на здружување и протест
– Слобода на движење
– Право на здравствена заштита
– Права на деца и младинци
– Право на образование
– Права на припадници на заедниците
– Заштита од семејно насилство
– Право на правично судење во разумен рок
– Право на азил
– Права поврзани со изборите

Сигурната куќа е програма за престој, која вклучува услуги за поддршка во случај на криза, семејно насилство или бездомништво. Сигурната куќа е создадена како мост помеѓу привремено и трајно домување.

Овој социјален сервис е акредитиран од Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија и ги исполнува сите предвидени стандарди.

Приоритет на Сигурната куќа е работење засновано врз принципите на доверливост, дискреција, недискриминација и емпатија.

Барањето за сместување во Безбедната куќа може да се направи преку повик на бесплатната линија за помош 0800 66 66 6, како и на електронската адреса contact_safehouse@lgbti.mk. За сите подетални информации можете да се обратите на 071 210 475 / 023 075 025, во секое време.

Куќата е сигурен простор каде корисниците се заштитени од секаков вид на насилство и во кој се нуди сеопфатен пакет на услуги за поддршка и заштита со соодветен квалитет.

Функционирањето на Сигурната куќа придонесува кон зголемување на безбедноста и оснажнувањето на ЛГБТИ луѓето во општеството, континуирано работејќи на прекин на кругот на насилство врз ЛГБТИ луѓето, овозможувајќи им засолниште од изворот на насилство и услови да можат да продолжат со индивидуален и достоинствен живот.

Сигурната куќа има капацитет за 7 корисници.
За корисниците обезбедуваме:
– сместување
– храна
– медикаменти
– правни услуги
– услуги од психолог и социјален работник
Програмата вклучува и организација на:
– креативни работилници
– едукативни програми
– спортско-рекреативни активности
– неформални дружби
Сигурната куќа работи постојано, 24 часа, секој ден.

КОНТАКТ:
Телефонски број: 071 210 475 / 023 075 025
Бесплатна линија за помош: 0800 66 66 6
Е-mail адреса: contact_safehouse@lgbti.mk

ФБ Страница