Правна помош и поддршка

Правната помош ја обезбедува правната советничка која е ангажирана во Советувалиштето за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство
Правната советничка е одговорна за директни контакти и средби со корисничките и врши проценка на нивните правни проблеми и потреби. Во консултација со жртвата определува кои се нејзините приоритети и што прво треба да се преземе. Во нејзино име правната советничка подготвува различни поднесоци, барања и приговори до релевантни институции. Понатаму, правната советничка пружа и советувања за понатамошните правни дејствија кои може клиентката да ги преземе во насока на заштита на нејзините права согласно законските прописи. Воедно е на располагање на клиентките и за други видови на коресподенција (телефон/интернет) во насока на итни советувања и преземање на правни дејствија. По извршена крајна проценка за правните потреби и проблеми на клиентката правната советничка дава препорака за користење на понатамошни услуги од страна на адвокатка.

Правната помош која ја обезбедува Националната мрежа, вклучува и застапување во судски постапки. Адвокатката со која соработува Националната мрежа ги води случаите со висок степен на доверливост и е располагање на клиентката за која е ангажирана. Адвокатката во име на клиентката (по уредно потпишано полномошно) ги застапува и брани нејзините интереси пред надлежните судови (основен, апелационен, врховен и Управен суд), јавно обвинителство, народен правобранител како и ќе ја придружува доколку има потреба до надлежни државни управни органи(полиција, центри за социјална работа итн.).

Повеќе информации за правната помош и поддршка може да најдете тука. 

Доколку имате потреба од правна помош, зависно од градот каде што живеете, јавете во еден од Женските центри за поддршка.