Наши услуги

Специјализираните услуги за помош и поддршка се фокусираат на специфичните индивидуални потреби на секоја жена која преживеала некаква форма на насилство. Давателките на услуги преку своите знаења и вештини даваат приоритет на искуствата на жените кои преживеале насилство со цел превенирање од повторно враќање во насилната средина. Користејќи го овој пристап, давателките на услуги создаваат поддржувачка средина во која се почитуваат правата на жените и во која се третираат достоинствено и почитувано. 

Пристапот насочен кон жените вклучува разни видови на услуги за заштита, помош и поддршка во насока на рехабилитација и реинтеграција на жените кои преживеале насилство и зајакнување на нивниот капацитет за носење одлуки и конечно враќање на контролата врз сопствениот живот. 

Главен приоритет на специјализираните услуги е физичката и емоционалната безбедност на жените и нивните деца и затоа низ процесот на поддршка се следат промените кои може да доведат до зголемен ризик од насилство и согласно на тоа се креира план за безбедност.