Организација на жените на општина Свети Николе

Организација на жените на општина Свети Николе преку канцеларијата за Бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка има за цел да придонесе кон овозможување на полесен пристап до правна и психо-социјална поддршка за маргинализираните лица и заедници преку ефективно спроведување на Законот за бесплатна правна помош.

Канцеларијата нуди:

• Полесен пристап до можностите кои ги нуди законот за бесплатна правна помош
• Правен совет за правото на користење на бесплатна правна помош
• Општа правна информација
• Општ правен совет
• Помош при пополнување на формулари, обрасци издадени од управен орган во управна постапка
• Бесплатна психо-социјална помош и поддршка за полесно надминување на состојбата (развод, насилство, дискриминација, злоупотреба, друг вид прекршување на вашите права или се чувствувате неразбрано или неприфатено од средината)